Најстрмната жичарница на светот, која ги поврзува селата Стехелберг и Мирен во швајцарската област Бернезе Оберланд, почна да прима патници во саботата.
Патувањето преку стрмните карпи на Миренфлух, со наклон од 159,4 проценти, трае само четири минути.

Жичарницата се искачува 775 метри по траса долга 1194 метри.
Секоја од двете кабини на жичарницата може да прими 85 патници.
Опраторот „Schilthornbahn AG“ вели дека жичарницата, која работи со брзина од седум метри во секунда, може да превезува 800 луѓе на час кога работи со полн капацитет.
Слични новости
Џон Малкович вели дека досега ја одбивал соработката со Марвел заради ниските хонорари
Малкович не соопшти детали за неговиот хонорар во филмот „Фантастичната четворка: Првите чекори“, но во него ќе играат и Педро Паскал, Ванеса Кирби и Џозеф Квин.
ИМАКС кината забележуваат зголемена добивка во последниот квартал
Најголем подем ИМАКС има на кинескиот пазар каде што добивката ја има зголемено од 66 милиони долари во 2023, на 130 милиони во 2024.
Недела на модата во Велика Британија
Модната индустрија во Британија е значаен дел од британската економија бидејќи годишно генерира близу 30 милијарди фунти, а во неа се вработени околу 800 000 луѓе.