Најстрмната жичарница на светот, која ги поврзува селата Стехелберг и Мирен во швајцарската област Бернезе Оберланд, почна да прима патници во саботата.
Патувањето преку стрмните карпи на Миренфлух, со наклон од 159,4 проценти, трае само четири минути.

Жичарницата се искачува 775 метри по траса долга 1194 метри.
Секоја од двете кабини на жичарницата може да прими 85 патници.
Опраторот „Schilthornbahn AG“ вели дека жичарницата, која работи со брзина од седум метри во секунда, може да превезува 800 луѓе на час кога работи со полн капацитет.
Слични новости
Марти Скорцесе подготвува нов мафијашки филм во стилот на Дипартед
Легендарниот режисер Марти Скорцесе собра импресивна актерска екипа за неговиот нов мафијашки филм. Во новиот филм на Скорцесе ќе играат големите холивудски ѕвезди Леонардо ДиКаприо, Двејн Џонсон и Емили Блант.
Втората сезона на „Ноќниот агент“ најгледана на стриминг платформите
Во последната недела од мерењата серијата постигна гледаност од 3,11 милијарди минути и е убедливо најгледана серија на стриминг платформите.
Амазон МГМ ја откупи франшизата за Џемс Бонд заедно со Барбара Броколи
Барбара Броколи ја наследи франшизата од нејзиниот татко Алберт Броколи кој ја започна франшизата со првиот Џемс Бонд од 1962 „Доктор Но“, каде што ликот на славниот британски агент 007 го толкуваше Шон Конери.