Најстрмната жичарница на светот, која ги поврзува селата Стехелберг и Мирен во швајцарската област Бернезе Оберланд, почна да прима патници во саботата.

Патувањето преку стрмните карпи на Миренфлух, со наклон од 159,4 проценти, трае само четири минути.

 

Жичарницата се искачува 775 метри по траса долга 1194 метри.

Секоја од двете кабини на жичарницата може да прими 85 патници.

Опраторот „Schilthornbahn AG“ вели дека жичарницата, која работи со брзина од седум метри во секунда, може да превезува 800 луѓе на час кога работи со полн капацитет.

globe

Слични новости

Жизел Пелико меѓу жените на 2025. во изборот на Times

Жизел Пелико меѓу жените на 2025. во изборот на Times

Жизел Пелико, Французинка која стана симбол на женската борба во судењето за силување кое имаше глобални одзиви, е една од жените на 2025 година, избрана од американскиот магазин Times во изданието од 10. март