Граѓаните на Црна Гора ќе ги чини 8,5 милиони евра зголемувањето на платите на министерите во владата, пратениците и другите јавни функционери. Зголемувањето на платите е планирано за 30 насто, што значи дека зголемувањето на платите за функционерите ќе изнесува од 500-600 евра.
Од министерството за финансии на Црна Гора зголемувањето на платите го правдаат со фактот што во изминатите години коефициентите за плата на функционерите не се зголемуваа.
Јавноста ја критикуваше одлуката, а во цивилниот сектро сметаат дека потегот на црногорската влада е некоректен. За разлика од функционерите зголемувањето на платите за граѓаните изнесува од 50-60 евра.
Слични новости
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник
Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“
Во Брисел во вторникот се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на која за земјава беше отворен Кластерот 6 за надворешна политика