На нов бојкот во Хрватска повикува Платформата „Ало, инспекторе“, која со недели организира бојкот на продавниците, овојпат на пекарниците и продажбата на пекарски производи во продавниците. Откако во вторникот објавија дека ги контактирале средношколците револтирани од скапите производи во пекарите, плаформата на Фејсбук објави што понатаму.

„Да ја поддржиме иницијативата на средношколците! Да го бојкотираме купувањето во пекари и продавници: леб, бурек, пецива, крофни и други пекарски производи.

„Ајде да го прекинеме купувањето на еден ден“. Тој бојкот е резултат и на вашите постојани двегодишни предупредувања за енормното поскапување на лебот, бурекот, пецивата, крофните…како и намалената тежина (смалувањето!), квалитетот, неиздавањето фактури итн.

Бојкотот е резултат и на незадоволството на потрошувачите поради непостапувањето на државните органи, кои молчат и гледаат како потрошувачите „чепкаат“ во пекарите и продавниците по намалувањето на ДДВ за леб, јајца, масло и други производи.

„Родители, баби и дедовци, роднини, пријатели – да ја поддржиме нашата младина. „Не купуваме во петок, 14 февруари 2025 година“, напишаа тие.

globe

Слични новости

Додик се закани со забрана на Судот и Обвнителството на БиХ во РС, ако биде осуден

Додик се закани со забрана на Судот и Обвнителството на БиХ во РС, ако биде осуден

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителството, како и на државните безбедносни агенции