На повик на платформата „Halo inspektore“, во петокот во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на продавниците, кој овојпат, на повик на средношколците, вклучува и бојкот на пекарниците и сите пекарски производи на сите продажни места.
Бојкотот продолжува, потрошувачите сакаат да го бојкотираат купувањето и да ги намалат трошоците, а праќаат порака до сите што работат на покачување на цените, рече Јосип Келемен, советник на платформата „Halo inspektore“, на прес-конференција во четвртокот, напоменувајќи дека нема да каже дека бојкотот се намалува, бидејќи и младите велат дека треба да продолжи.
Платформата проценува дека трговците изгубиле повеќе од 100 милиони евра поради досегашниот бојкот.

„Ако знаеме дека има повеќе од 100 милиони евра помалку во касите на малопродажните синџири, ако знаеме дека гласот на потрошувачите е слушнат, ако знаеме дека барем некои системи за надзор на пазарот се активирани во Хрватска и ако знаеме дека се пуштени во употреба бројни промоции, намалувања на цените и попусти, ова е знак дека потрошувачката шаѓа и дека ние како потрошувачи станавме свесни за себе и за своите можности, како и дека се слушна нашиот глас“, изјави Келемен.
Оваа платформа во средата ги повика потрошувачите преку нивната фејсбук страница да ја поддржат иницијативата на средношколците и да го бојкотираат купувањето во пекарниците и пекарските продавници.
„Да ја поддржиме иницијативата на средношколците! Да го бојкотираме шопингот во пекарите и продавниците: леб, бурек, пецива, крофни и други пекарски производи. Да престанеме да пазаруваме на еден ден“, објавија тие на својата страница.
Од саботата платформата организира еднонеделен бојкот на трговскиот синџир „Konzum“ кој завршува денеска. Овој синџир беше избран во анкета во која, според платформата, учествувале 144.732 граѓани.
По „Konzum“, следен малопродажен синџир што ќе биде бојкотиран една седмица е „Plodin“.
Слични новости
Активистите на екстремната десница го демолираа седиштето на ЕУ во Софија
Насобраните се обидоа насилно да влезат во зградата во која се наоѓа претставништвото на ЕУ во Софија. Потоа беше фрлен молотов коктел и беше запалена влезната врата, прозорците на првиот спрат беа скршени, а зградата беше испрскана со црвена боја
Илјадници Романци излегоа да го поддржат Калин Георгеску
Митингот во Букурешт уследи откако потпретседателот на САД Џеј Ди Ванс ја нападна Романија поради откажување на изборите, „поради огромниот притисок на романските соседи“.
Грција: За 20 отсто намалени мигрантските бранови од почетокот на годинава
На почетокот на годинава, мигрантските бранови во Грција биле намалени споредбено со лани, според министерот за миграција и азил на Грција, Никос Панајотопулос