Сите избирачки места утринава се отворени во Холандија каде што започна гласањето за парламентарните избори. Гласањето ќе трае до 21 часот, по што ќе почне пребројувањето на гласовите и објавувањето на првите резултати, објавуваат холандските медиуми.

Според последните анкети крајно десничарската Партијаза слободата предводена од Герт Вилдерс повторно има шанса да победи на изборите, но изборите се неизвесни и добри шанси за успех имаат и трите големи партии Христијанско-демократската, Лабуристичката и Народната партија.

Откако последната коалициска влада во Холандија составена од четири партии се распадна годинава, во холандскиот парламент имаше вкупно пратеници од 15 партии, а формирањето на ново мнозинство за состав на влада, повторно би можело да трае со месеци.

Слични новости

Над илјада мртви во разорна тропска бура во Азија

Над илјада мртви во разорна тропска бура во Азија

Спасувачките екипи од Индонезија, Тајланд, Малезија и Шри Ланка работат напорно за расчистување на патиштата и доставување помош до луѓето погодени од тропската бура која одзеде повеќе од илјада животи во Југоисточна и Јужна Азија