Француските здравствени власти денеска потврдија прв случај на ебола во земјата кај лекар кој се вратил од хуманитарна мисија во ДР Конго.
Министерството за здравство на Франција соопшти дека пациентот е сместен во специјализирана установа и е во изолација, а надлежните служби започнаа идентификација и следење на лицата кои со него биле во контакт, објави „Фигаро“.
Властите наведуваат дека ризикот за општата поулација во Франција и Европа е низок.
Според податоците на СЗО актуелната епидемија на ебола во ДР Конго зарази повеќе од 1.000 луѓе, а 267 луѓе починаа од ебола.
Слични новости
Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време
Најмалку 18 лица починаа во Франција, објави Ројтерс како последица на топлотниот бран што ја зафати Европа.
Училиштата во Франција ги пуштија на распуст децата или пак направија измени во распоредите.
Во преградието на Париз пронајдена украдена слика на Пикасо вредна десетици милиони евра
За време на истрага за трговија со наркотици во едно од париските предградија француската полиција пронајде украдена слика на Пабло Пикасо, чија вредност е проценета на повеќе десетици милиони евра.
Во Аргентина откриена највисока статуа на Лео Меси во светот
Во градот Кутрал Ко во Аргентина е откриена статуа на капитенот на аргентиснката репрезентација Лионел Меси висока 26 метра, која е највисока статуа на Меси во светот.


