Во Електротехничкото училиште во Загреб, утрово еден ученик повреди друг ученик и вработен во училиштето со остар предмет.

Министерството за наука, образование и млади испрати кризен тим во училиштето. Министерството за здравство подоцна објави дека сите на кои им била потребна помош се згрижени.

Ученикот кој ги предизвикал повредите е под полициски надзор. Во тек е кривична истрага и увид на лице место, соопшти Полициската управа во Загреб.

Неофицијално, се знае дека учениците имаат петнаесет години.

Учениците по нападот се испратени дома, психолошки тим исто така пристигнал во училиштето.

Слични новости

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.