Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС.

Нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.

 

„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави Стојичиќ за РТС.

Наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места.

На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака). Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа.

Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина.

globe

Слични новости

Системски промени, правда и одговорност, побараа учесниците на вечерашниот протестен марш

Системски промени, правда и одговорност, побараа учесниците на вечерашниот протестен марш

Ова не е борба меѓу вас и нас, ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните. Сакаме системски промени, суштински, а не козметички и додека тие ги полнат своите џебови, ние ќе ги полниме улиците и ќе продолжиме да ги полниме се додека не видиме вистинска промена, е пораката од вечерашниот протестен марш што го организираше граѓанското движење „Кој е следен?“

Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани

Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани

„Правда“, „Убијци“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „Нема правда, нема мир“, „Ние сме системот“, „Цела Влада оставка“, се само некои од пораките што вечерва ги упатија учесниците на протестот за настраданите во пожарот во Кочани, кои веќе пристигнаа пред Владата.

„Кој е следен“: Не сме поврзани со ниту една партија, сакаме да живееме во безбедна држава

„Кој е следен“: Не сме поврзани со ниту една партија, сакаме да живееме во безбедна држава

Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ пред маршот што треба да почне вечерва во 19:00 часот од плоштадот „Македонија“.