Во Турција се уапсени 37 луѓе кои се сомничат дека на социјалните мрежи објавувале провокативни коменатри за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја.
Како што наведе министерот на платформата Х „осомничените објавувале провокативни коментари за апсењето на Имамоглу во кои се поттикнувале злосторства и омраза“. Тој соопшти дека турските власти идентификувале 261 спорна објава на социјалните мрежи, од кои 62 биле од странство, пренесува Ројтерс.

Турската полиција во средата го уапси градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу поради обвинение дека предводел криминална организација, која местела тендери, примала мито и помагала на терористичка организација.
Во првото обраќање по апсењето Имамоглу порача дека турскиот народ ќе одговори на „интригите, лагите и замките“ кои се усмерени против него.
Екрем Имамоглу е главен политички ривал на турскиот претседател Реџеп Тип Ердоган, а опозицијата за неколку дена треба да го избере својот претседателски кандидат за следните избори.
Слични новости
По пресудата за злоупотреба Ле Пен доби забрана за вршење јавна функција на пет години
Француската крајно десничарска лидерка Марин Ле Пен беше прогласена за виновна за злоупотреба на средства од Европската унија и осудена на петгодишна забрана за вршење јавна функција
Ле Пен прогласена виновна на судење за проневера на фондови на ЕУ
Францускиот суд во понеделникот ја прогласи лидерката на крајната десница Марин Ле Пен за виновна за злоупотреба на фондовите на Европската унија, во судење што може да ги уништи нејзините претседателски надежи
Украина го преиспитува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските ресурси
Додека Украина не е задоволна од новиот американски нацрт-договор за ретките минерали, Русија објави дека почна заеднички проекти со САД за нејзините рудните ресурси