Во рамките на истрагата за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, досега се уапсени 15 лица, пренесуваат во неделата турските медиуми.

Во пожарот што избувна во тој хотел во текот на ноќта на 21 јануари загинаа 78 лица.

„Петмина осомничени, меѓу кои Седат Ѓулер, заменик-градоначалник на Болу, и Кенан Чоскун, заменик – директор на противпожарната служба, се појавија на суд. Бројот на осомничените кои се приведени се зголеми на 15 со последните апсења во истрагата за пожарот во хотелот во ски-центарот Болу Карталкаја“, објави турскиот весник Sabah.

globe

Слични новости

Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.

Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави

Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави

Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР