Во изминатите пет дена турските власти уапсија речиси 300 „осомничени членови на терористички организации“ во акција насочена против Работничката партија на Курдистан (PKK), изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја.
„За време на операциите што траат веќе пет дена во 51 провинција, уапсени се 282 осомничени лица поврзани со терористички организации“, објави министерот на платформата Х.

Во вторникот биле издадени 60 налози за апсење, а полицијата спровела 52 од нив, соопшти обвинителството во Истанбул.
Паралелно со овие апсења, продолжуваат дијалозите што турската влада ги иницира со РКК со цел постигнување примирје.
Забранетата РКК, која Анкара но и САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, води вооружена сепаратистичка борба против турската држава од 1984 година.
Слични новости
Околу 7.000 лица лани биле депортирани од Грција или доброволно вратени во нивните земји
Минатата година околу 7.000 лица кои не добиле азил во Грција биле депортирани или доброволно вратени во нивните земји, додека, пак, од јануари биле вратени над 500 лица, информираше во средат министерот за миграција и азил Никос Панајотопулос
Обвинителството побара од Судот затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка функција
Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска побара од Судот на БиХ да му изрече затворска казна и десетгодишна забрана за вршење политичка функција на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.
Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
Прекинот на работата на одредени блокови поради планирано одржување, дефектите на две станици, но и ниските температури, создадоа проблеми во снабдувањето со електрична енергија во Република Кипар, а како што пишуваат кипарските медиуми во изминатите 24 часа мрежата била зајакната со „проток на струја од окупираните територии“