Во периодот од 1 часот по полноќ, заклучно со 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени, објави Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Сите земјотреси се случија по синоќешниот змјотрес со јачина од 5,2 степени, што воедно беше и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите денови.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од 26 јануари до 3 февруари, во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 6.400 земјотреси од кои 800 биле со јачина над 2,5 степени.
Според процените во Грција, во изминатите денови островот го напуштиле над 10.000 лица, а пред сè станува збор за работници кои на Санторини се во пресрет на новата туристичка сезона, но и локално население.
Од понеделникот училиштата на Санторини и соседните острови Иос, Аморгос и Анафи се затворени до крајот на седмицава, а до граѓаните постојат препораки да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите
Слични новости
Србија ќе добие 111 милиони евра од Планот за раст на Западен Балкан
До крајот на седмицата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од Европскаа унија од Планот за раст за Западен Балкан, благодарение на усвојувањето на реформите
Турција го приведе адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул
Турските власти го приведоа адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави во петокот пратеник од главната опозициска Републиканска народна партија (CHP)
Европскиот суд побара од српските власти да коментираат за употребата на звучно оружје на протестот
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) побара од српската влада да даде одговори во врска со наводите дека било употребено звучно оружје против учесниците на масовниот протест во Белград на 15 март, поставувајќи краен рок за одговор до 31 март, а правни експерти укажуваат дека тоа може да влијае на процесот на европска интеграција на Србија