Судскиот совет денеска треба да донесе одлука за формирање на Комисија за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните судови, во апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и во Врховниот суд за 2025 година.

На дневниот ред од денешната седница закажана за во 10:00 часот во салата на Судскиот совет е и разгледување на извештајот за спроведена работна посета на Основен кривичен суд Скопје и Апелационен суд Скопје.

 

 

Советот денеска треба да ги усвои записниците од 504 и 513 седница и да донесе одлуки за престанок и избор на судии поротници.

Разгледување на извештајот за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Врховен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Охрид и Основен суд Радовиш е исто така, на дневниот ред.

Расправата по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија е предвидена на крајот од седницата, исто како и точката разно.

globe

Слични новости

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени