Во Судот на БиХ денеска ќе се одржи статусна конференција со бранителите во предметот што се води против претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и в.д. директор на Службен весник на Р.С. Милош Лукиќ, кои се обвинети за неизвршување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.
Ова за РТРС го изјави Гораб Бубиќ, адвокатот на Додик, додавајќи дека главниот претрес нема да се одржи, бидејќи Додик поради здравствени проблеми е во болница во Белград.
Бубиќ истакна дека сведоците не се обврзани да дојдат на рочиштето, додавајќи дека на статусната конференција ќе се разговара за продолжението на судењето.
Од кабинетот на претседателот на РС синоќа соопштија дека Додик поради акутни проблеми е хоспитализиран во Белград, а денеска е соопштено дека во тек е неговата операција на хранопроводникот, која, како што е нагласено, ќе биде „комплицирана и ќе трае со часови“.
Слични новости
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник
Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“
Во Брисел во вторникот се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на која за земјава беше отворен Кластерот 6 за надворешна политика