Во Судот на БиХ денеска ќе се одржи статусна конференција со бранителите во предметот што се води против претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и в.д. директор на Службен весник на Р.С. Милош Лукиќ, кои се обвинети за неизвршување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

Ова за РТРС го изјави Гораб Бубиќ, адвокатот на Додик, додавајќи дека главниот претрес нема да се одржи, бидејќи Додик поради здравствени проблеми е во болница во Белград.

 

Бубиќ истакна дека сведоците не се обврзани да дојдат на рочиштето, додавајќи дека на статусната конференција ќе се разговара за продолжението на судењето.

Од кабинетот на претседателот на РС синоќа соопштија дека Додик поради акутни проблеми е хоспитализиран во Белград, а денеска е соопштено дека во тек е неговата операција на хранопроводникот, која, како што е нагласено, ќе биде „комплицирана и ќе трае со часови“.

globe

Слични новости

Еден од ранетите на Цетиње е и натаму во критична состојба

Еден од ранетите на Цетиње е и натаму во критична состојба

Еден од четирите пациенти кои беа ранети пред два дена на Цетиње и натаму е во многу критична состојба, со неизвесен исход, соопштија денеска од Клиничкиот центар на Црна Гора. Станува збор за пациент кој се здоби со прострелна рана на главата и се наоѓа во кома

Балканската рута за илегални имигранти активна, но се помалку преку Унгарија

Балканската рута за илегални имигранти активна, но се помалку преку Унгарија

Бројот на мигранти кои доаѓаат од балканската рута се зголемил во 2024, но дека илегални премини кон Унгарија има помалку, бидејќи поактивна е рутата преку Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Нови повисоки цени на туристичката такса за отпорност на климатски кризи во Грција

Нови повисоки цени на туристичката такса за отпорност на климатски кризи во Грција

Промените на цените, како и воведувањето на новата такса за патниците од крузерите ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на септември од Меѓународниот саем во Солун, додека пак минатиот месец беа објавени во Службен весник на Грција и од вчера стапија во сила