Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

„Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана” од Карл Орф којашто се случи во големата сала на НДК во Софија. Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот оркестар на Солун, како и Софискиот филхармониски хор и солистите: нашата ѕвезда Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов, брилјираа на сцената од каде зрачеа силни креативни вибрации“, објавија од Македонската филхармонија на нивниот фејсбук профил.

Како што посочуваат, главниот „виновник” за овој спектакуларен концерт, маестралниот диригент Најден Тодоров не ја криеше неизмерната среќа што конечно се реализираше оваа идеја за уметничко сплотување на, како што и самиот истакна, три оркестри во едно тело

-Вечерва се потврди уште еднаш дека музиката не разбира граници, туку ја возвишува секоја идеја и мисла во чиста убавина, потенцираат од Филхармонија.

globe

Слични новости

Драмски обележува 60 години од вселувањето во постојниот објект

Драмски обележува 60 години од вселувањето во постојниот објект

Објектот е донација на Владата на Велика Британија како еден од симболите на меѓународната солидарност во напорите да се обнови Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. И покрај тоа што е замислена како привремен дом, театарот во оваа зграда опстојува и денес

Кои се следните проекти на актерите што беа номинирани за Оскар

Кои се следните проекти на актерите што беа номинирани за Оскар

Добитникот на Оскар за споредна машка улога Киеран Калкин се враќа на Бродвеј каде што игра во претставата „Гленгари Глен Роуз“, а летоска веројатно ќе игра во третото продолжение на Дина заедно со Тимоти Шаламе

Оскарите годинава со послаба гледаност отколку лани

Оскарите годинава со послаба гледаност отколку лани

Според рејтинзите што ги објави агенцијата Нилсен, шоуто на кое домаќин беше Конан О’ Брајен, имаш просечна гледаност од околу 18 милиони луѓе. За прв пат преносот од Оскарите имаше и стрим во живо на платофмата Хулу.