Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

„Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана” од Карл Орф којашто се случи во големата сала на НДК во Софија. Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот оркестар на Солун, како и Софискиот филхармониски хор и солистите: нашата ѕвезда Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов, брилјираа на сцената од каде зрачеа силни креативни вибрации“, објавија од Македонската филхармонија на нивниот фејсбук профил.
Како што посочуваат, главниот „виновник” за овој спектакуларен концерт, маестралниот диригент Најден Тодоров не ја криеше неизмерната среќа што конечно се реализираше оваа идеја за уметничко сплотување на, како што и самиот истакна, три оркестри во едно тело
-Вечерва се потврди уште еднаш дека музиката не разбира граници, туку ја возвишува секоја идеја и мисла во чиста убавина, потенцираат од Филхармонија.
Слични новости
Слаба посетеност на кината во Америка и покрај тоа што е недела на Оскарите
Главна причина за овој феномен е што повеќето филмови кои беа номинирани за Оскар публиката може да ги гледа од дома на некоја од стриминг платформите.
Хит претставата Отело на Бродвеј заработи 2,6 милиони долари по само седум изведби
Класичната драма „Отело“ на Вилијам Шекспир во која играат Џејк Гиленхал и Дензел Вашингтон, заработи неверојатни 2,6 милиони долари, по само седум...
Режисерот на документарецот за Принц го нападна Нетфликс за откажување на емитувањето
Езра Еделман, режисерот на деветчасовниот документарец за музичкатаѕвезда Принц изјави дека одлуката на Нетфликс да не го емитува неговиот документарец на стриминг платформата е кратковида