Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина.

Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали.

Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање. За нов министер за животна средина од страна на Владата предложен е поранешниот владин портпарол Муамет Хоџа.

На дневен ред се и Предлогот за именување на неизвршен член на Народната банка на Република Македонија, Предлогот на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија, 

Предлогот на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Македонија-Транспорт АД Скопје, по скратена постапка, Предлогот на законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка и Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за одобрување на годишни програми на неколку институции – Предлог – одлуката за oдобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2026 година и Предлог-одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој за 2026 година на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и Ревидираната фискална стратегија на Република Македонија за 2026-2030 година.

globe

Слични новости

Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со „Бадентер“

Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со „Бадентер“

Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со бадeнтер за законите донесени со двојно мнозинство ќе биде условот Али Ахмети и ДУИ да влезе во било кoја Влада, порача на денешниот брифинг лидерот на „интегративците“

Американската амабсада потврди дека Анџела Агелер заминува од земјава

Американската амабсада потврди дека Анџела Агелер заминува од земјава

Доналд Трамп менува 30 амбасадори…американската администрација најави големи промени во дипломатијата и смена на 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други позиции во амбасадите…Со промените ќе биде опфатена и американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, која е на таа позиција од 2022 година

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје постепено се стабилизира откако вчера и денеска беа забележани откажувања и пренасочувања на летови поради намалена видливост предизвикана од магла, информира операторот ТАВ Македонија.