Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина.
Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали.
Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање. За нов министер за животна средина од страна на Владата предложен е поранешниот владин портпарол Муамет Хоџа.
На дневен ред се и Предлогот за именување на неизвршен член на Народната банка на Република Македонија, Предлогот на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија,
Предлогот на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Македонија-Транспорт АД Скопје, по скратена постапка, Предлогот на законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка и Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.
Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за одобрување на годишни програми на неколку институции – Предлог – одлуката за oдобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2026 година и Предлог-одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој за 2026 година на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и Ревидираната фискална стратегија на Република Македонија за 2026-2030 година.
Слични новости
Tошковски: Ако е дозволено 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 км/ч
Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари, појасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч
СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ, каде завршија 100 милиони евра
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност.
Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател
По два месецa од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател, известува охридската ТВМ


