Во Собранието  денеска и утре ќе се одржи 23. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

 Според агендата објавена од собраниската прес-служба, сесијата во 15,30 часот сесијата ќе ја отворат Иванка Василевска и Карло Реслер, копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, по што ќе следува размена на мислења со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и Орхан Муртезани, министер за европски прашања, како претставници на Владата.

На сесијата е најавено да говорат и полскиот амбасасор Мариуш Бримора како претставник на полското претседателство со Советот на ЕУ и евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, како претставник на Европската комисија и на Европската служба за надворешна акција.

Претставниците на ЕП претходно ќе остварат одделни средби со координаторите на пратеничките групи – со Дафина Стојаноска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со Оливер Спасовски, координатор на пратеничка група на СДСМ и Коалиција „за Европска Македонија“, со Блерим Беџети, координатор на пратеничката група на ДУИ и Коалиција „Европски фронт“, со Халил Снопче, координатор на пратеничката група на Вреди, со Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движење ЗНАМ и со Борислав Крмов, координатор на пратеничката група на Левица.

За утре во 9 часот е закажана втораа работна сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, а претходно ќе биде остварена средба со претседателот на Собранието Африм Гаши.

 Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година и претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата.

globe

Слични новости

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени