Во Собранието денеска и утре ќе се одржи 23. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.
Според агендата објавена од собраниската прес-служба, сесијата во 15,30 часот сесијата ќе ја отворат Иванка Василевска и Карло Реслер, копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, по што ќе следува размена на мислења со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и Орхан Муртезани, министер за европски прашања, како претставници на Владата.

На сесијата е најавено да говорат и полскиот амбасасор Мариуш Бримора како претставник на полското претседателство со Советот на ЕУ и евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, како претставник на Европската комисија и на Европската служба за надворешна акција.
Претставниците на ЕП претходно ќе остварат одделни средби со координаторите на пратеничките групи – со Дафина Стојаноска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со Оливер Спасовски, координатор на пратеничка група на СДСМ и Коалиција „за Европска Македонија“, со Блерим Беџети, координатор на пратеничката група на ДУИ и Коалиција „Европски фронт“, со Халил Снопче, координатор на пратеничката група на Вреди, со Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движење ЗНАМ и со Борислав Крмов, координатор на пратеничката група на Левица.
За утре во 9 часот е закажана втораа работна сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, а претходно ќе биде остварена средба со претседателот на Собранието Африм Гаши.
Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година и претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата.
Слични новости
Владата ги донесе измените и дополнувањата на Законот за медиуми
Владата на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми
Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.
Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот