Во Словенија, од полноќ е во сила изборен молк пред парламентарните избори в недела, каде што 1.695.196 граѓани ќе изберат 88 пратеници во Парламентот, додека преостанатите двајца пратеници ќе бидат избрани од членовите на италијанското и унгарското национално малцинство.

Најновите анкети пред изборите покажуваат дека на владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода на премиерот Роберт Голоб му се верува најмногу. Истражувањата покажуваат дека предноста на Движењето за слобода во однос на СДС е од 0,4 проценти до 6,2 проценти, според агенцијата Арагон, јави СТА.

Аферата за странско мешање во изборите, која е поврзана со опозициската десничарска Словенечка демократска партија на Јанез Јанша, најмногу придонесе за таквиот резултат.

 

Слични новости

Марта Кос со критики кон Белград за новите закони

Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед