
Измени на Кривичниот законик со воведување минимум од 1 година задолжителна затворска казна за убиство и мачење животни, формирање општински служби за заштита на животните, носење на закон за комунална полиција со полиција за животни и превентивни мерки за редуцирање на насилството врз животните.
Ова се дел од барањата кои Зeлен хуман град заедно со 15 здруженија за заштита на животни од Македонија, ги побараа на протестот кој го одржаа пред МВР, Јавното обвинителство и Кривичниот суд.
Од протестот побараа максимална затворска казна за Љубе Крествески. Во македонскиот Кривичен Законик веќе 20 години постои кривичното дело убиство и мачење животни, кое се казнува со затворска казна, а досега не е изречена ниту една таква пресуда. Бараме законот да се спроведува, порачаа од протестот.
Слични новости
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија
Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот.
Родителите на настраданите во Кочани побараа од обвинителството да им го објасни обвинителниот акт
Родителите на починатите во „Пулс“ истакнаа дека ја продолжуваат борбата за правда и дека имаат право да знаат кои лица се обвинети, а кои не се и кои се причините за тоа.