Иако речиси секоја влада најавува обемни проекти за намалување на загадувањето, тие најчесто остануваат само во стратегии и документи, додека воздухот во Скопје и другите градови редовно урива рекорди по загаденост.

Експертите за ТВ Телма велат дека причините одамна се анализирани, но недостига политичка волја и доследна реализација на решенијата. Системско управување со отпадот и проширување на топловодната мрежа, би можеле значително да го намалат проблемот, особено сега кога парното е под државна контрола.

Парадоксално е што трошоците за лекување на последиците од загадувањето се далеку поголеми од инвестициите потребни за негово спречување.

 

Слични новости

Во Македонија еден од пет луѓе користат алатки на вештачка интелигенција

Во Македонија еден од пет луѓе користат алатки на вештачка интелигенција

Во Македонија еден од пет луѓе, или 22% на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција. Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.