Министерството за внатрешни работи информира дека вчера била лишена од слобода 42-годишната С.В.М. која претходно истиот ден, околу 14 часот, на крстосницата од булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“, со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот 38-годишниот А.М. и потоа избегала од местото на настанот без да му укаже помош.
Како што соопштуваат од МВР, повредениот А.М. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди, a по укажаната медицинска помош заминал самоиницијативно без дозвола, и без да го информира персоналот.
По наредба на јавен обвинител, С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Слични новости
Повеќе полициски акции во тек, вклучен и меѓународен истражен тим
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во однос на реакциите за концептот на гимназиско образование вели дека целта на новиот концепт е на прво место да дојдат афинитетите на учениците, а со тоа да се дојде и до подобар успех во македонското образование
Голем протест за Фросина денес во 17 часот на „Партизанска“
Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓани оддaваат почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје