Министерството за внатрешни работи информира дека вчера била лишена од слобода 42-годишната С.В.М. која претходно истиот ден, околу 14 часот, на крстосницата од булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“, со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот 38-годишниот А.М. и потоа избегала од местото на настанот без да му укаже помош.
Како што соопштуваат од МВР, повредениот А.М. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди, a по укажаната медицинска помош заминал самоиницијативно без дозвола, и без да го информира персоналот.
По наредба на јавен обвинител, С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Слични новости
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје
Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“
Росица Кулакова: Бараме правда за Фросина
Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска
Филипче: Ја научивме лекцијата од коалицирањето со ДУИ, нема коалицирање за локалните избори
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека партијата научила значајна лекција од коалицирањето со ДУИ