Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7,6%, соопшти Државниот завод за статистика.
Во однос на горивата, на годишно ниво има реален пад од 1,5%.
Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун номинално опаднала за 0,8%, а реално за 7,1%.
Трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 12,1%, а реално за 7,6%.
Општо сумирано, трговијата на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5,7%, а реално за 0,1%.
Трговијата на мало со автомобилски горива опаѓа реално за 1,5%, а номинално за 0,8%, стои во известувањето од Државниот завод за статистика.
Слични новости
Благ раст на европските берзи
На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД
Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо се зголеми во претпладневното тргување во петокот
На Волстрит, индексот S&P порасна, Dow благо падна
На њујоршки Волстрит, индексот Dow Jones малку падна во претпазливото тргување во четвртокот, додека S&P 500 и Nasdaq пораснаа трет ден по ред


