Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС и даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство за решавање на постоечкиот
проблем и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините, сооштија денеска во АХВ.
Претстои дефинирање на локации во општините на кои ќе се се наоѓаат гробиштата и планирање на инфраструктурата која треба да се изгради за да може тие целосно да се стават во функција.
Во врска со проблемот со бездомните кучиња, предвидено е тој да се решава со вклучување на општински инспектори и општински комунални инспектори.
Слични новости
Бислимоски поднесе оставка од претседателската функција на РКЕ
Бислимоски во оставката не ги навел причините за повлекувањето. Неодамна Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување
Синоќешниот земјотрес не треба да вознемирува укажуваат експерти
Синоќешниот земјотрес од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Косово, кој беше почувствуван во Тетово и Скопје не треба да вознемирува, бидејќи причината за тоа е што расте Шар планина
ССМ утре ќе ја блокира улицата пред Стопанската комора
Сојузот на синдикати утре ќе ги блокира приодите кон Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата. Блокадата ќе почне на раскрсницата пред Стопанската комора во 12 часот.
