
Бред Сигмон кој беше осуден на смрт во американската сојузна држава јужна Каролина, стана првиот човек што е погубен во Америка со стрелање во последните 15 години.
Тројца доброволци од затворската екипа за стрелање утрово го извршија погубувањето на Сигмон кога го погодија со три куршуми специјално направени за максимално разорување на ткивото.
Сигмон во 2001 ги уби Дејвид и Гледис Ларке со безбол палка, а потоа ја киднапира својата поранешна девојка заканувајќи и се со пиштол. Таа успеа да побегне, а тој пукаше по неа.
Осуденикот побара стрелање наместо другите две методи на погубување кои се законски одобрени во јужна Каролина електрична столица и смртоносна инекција. Неговото погубивање го пратеа тројца членови на семејствто Ларке, како и неговиот свештеник.
Слични новости
Дрогата ја предизвика смртта на Лијам Пејн, вели близок пријател
Дрогата била главната причина за смртта на поранешната ѕвезда на One Direction, Лиам Пејн, според близок пријател кој минатиот месец беше ослободен од обвиненијата за вмешаност во смртта на пејачот
Џон Гудман се повреди на снимањето на филмот на Александро Инариту
Филмот што Инариту го снима за студијата Ворнер Брос и Леџендари е првиот што Инариту го снима на англиски јазик по Оскаровецот „Ревенант“. Главната улога во филмот ја толкува Том Круз.
Стивен Најт креаторот на Пики Блајндерс сака филмот да има премиера во кино салите
На кастот што го предводат Килијан Марфи и Стивен Грахам, во филмот му се приклучија Тим Рот, Ребека Фергусон и Бари Кеоган.