Во производствените погони на американската компанија Локид Мартин во Гринвил за Бугарија е конструиран првиот американски борбен авион Ф-16 Блок 70, со што стратегиското партнерство на Бугарија со САД продолжува да се унапредува, објави денеска бугарскиот премиер Росен Жељазков.

„Со набавката на повеќенаменските борбени ловци Ф-16 Блок 70, способни за извршување на широк спектар на мисии, нашата борбена авијација ќе изгради нови способности со кои бугарското воено воздухопловство ќе оствари цеосна интероперабилност со сојузниците во НАТО и ЕУ“, објави премиерот Жељазков.

 

Првите два американски борбени авиони Ф 16 од вкупно 16-те колку што ги нарача Бугарија, би требало да пристигнат во Бугарија во април годинава, а другите до крајот на 2027.

Во согласност со распоредот на испораката на авиони за Бугарија, вкупно 32 бугарски воени пилоти ќе бидат обучени во САД, како и стотина воени авио-специјалисти, наведуваат бугарските медиуми.

Слични новости

Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.

Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави

Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави

Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР