Во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина беше стрелан 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за убиство на тројца мажи во 2004 година.
Брајант убил тројца мажи за пет дена. На местото на злосторството, тој оставил порака напишана со крвта на неговата последна жртва: „Фати ме ако можеш“.
Тоа беше 43 егзекуција во САД годинава, што е најголем број од 2012 година. Уште три се планирани пред крајот на годината. Смртната казна е укината во 23 од 50-те американски држави. Додека во Калифорнија, Орегон и Пенсилванија се почитува мораториум на егзекуции со одлука на гувернерот.
Слични новости
По десет години ЕУ прави пресврт по прашањето за азилот
Десет години по големата мигрантска криза, Европската унија е на прагот на голем пресврт во заедничката политика за азил, за која со години немаше договор
Израел убил најмногу новинари во светот
Меѓународната новинарска организација Репортери без граници (Reporters sans frontières – RSF) во вторникот соопшти дека Израел е одговорен за смртта на речиси половина од сите новинари убиени оваа година во светот, при што 29 палестински новинари се убиени од нејзините сили во Газа
Судири на Крит меѓу полицијата и земјоделците
Во Ираклион и Хања на Крит избувнаа судири меѓу земјоделците и грчката полиција, откако групи земјоделци и сточари нападнаа полициски сили пред аеродромите во двата града.
Во инцидентите беа повредени осум полицајци


