Американско-руските разговори на високо ниво започнаа во вторникот во саудиската престолнина Ријад со вообичаеното протоколарно ракување во присуство на медиумите. Како што јавија руските медиуми, преговорите се водат во еден од дворците на кралското семејство, Дирија во комплексот Албасатин. На влезот се истакнати знамињата на Русија, САД и Саудиска Арабија, а поставен е и виолетов тепих, опишуваат медиумите.
Од руска страна на преговарачка маса се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на Кремљ Јуриј Ушаков. Наспроти нив се тројца американски преговарачи: советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Мајк Волц, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот исток, Стив Виткофф.

Присутен е и извршниот директор на рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев, чија институција во минатото имаше огромен број соработки на заеднички американско-руски, главно научни проекти во областа на здравството. Тој даде изјава за медиумите по почетокот на разговорите.
Претставниците на руските и американските медиуми истовремено беа доведени до местото на состанокот. Медиумите влегоа во просторијата кога преговарачите веќе беа седнати на масата.
Состанокот САД-Русија во Ријад „нема да има резултати“, тврди Зеленски
Киев нема да учествува во американско-руските преговори во Ријад и ги смета за бесмислени, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Украина нема да учествува. Украина смета дека какви и да се преговори преговори за Украина што се водат без Украина немаат резултати… Ние нема да признаеме такви договори“, им рече Зеленски на новинарите во понеделникот, додавајќи дека Киев „не знае ништо“ за претстојните разговори.
Зеленски посочи дека неговата посета на Саудиска Арабија подоцна во вторникот „нема врска“ со средбата меѓу американските и руските преговарачи.
„Посетата на регионот беше планирана долго пред САД да одлучат да се сретнат со Русија таму“, рече тој, цитиран од Politico.
Главниот помошник на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, во понеделникот потврди дека преговорите со Американците нема да вклучуваат трети страни. Тој рече дека разговорите се насочени да послужат како чекор кон „вистинска нормализација“ на односите на Русија со САД и да ја постават основата за ставање крај на украинскиот конфликт.

Слични новости
Си ја отфрлил поканата за присуство на самитот ЕУ-Кина
Пекинг им кажа на претставниците на ЕУ дека премиерот Ли Кианг наместо со Си ќе се сретне со претседателите на Европскиот совет и Комисијата,
Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката
Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски