Во притвор почина Владо Петров, главниот инспектор за сообраќај во Кочани кој е осомничен во случајот „Пулс“ за наводни неправилности при издавање дозвола за паркинг. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица и 200 беа повредени. Тој веќе неколку години бил во пензија.
Според неофицијални информации, тој починал од срцев удар, најверојатно како резултат на огромен стрес.
„Денеска, за жал, трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил главен инспектор за сообраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката. Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни#, напиша на Facebook Мартин Ефремов, претседател на Независен полициски синдикат.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) води истрагата против триесет полициски службеници. Тие се товарат дека како службени лица вработени во СВР Штип и полициската станица во Кочани не направиле целосна и детална проверка за издавање согласност за добивање лиценца за „Пулс“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


