Берзанските индекси паднаа на Волстрит во понеделникот, бидејќи инвеститорите беа претпазливи по силниот раст на цените на акциите последните седмици, пред состанокот на челниците на американската централна банка.

Иденксот Dow Jones падна за 0,45 отсто на 47.739 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,35 отсто на 6.846 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,14 отсто на 23.545 поени.

На претпазливото тргување пред состанокот на Федералните резерви укажува потпросечниот обем на тргувањето. Вчера на американските берзи се тргуваа околу 16,12 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во текот на изминатите 20 дена е 17,52 милијарди.

Инвеститорите се претпазливи пред состанокот на челниците на Fed, кои ќе објават одлука за каматните стапки во среда.
Со сите најнови податоци кои покажуваат дека американската економија забавува, а пазарот на трудот слабее, инвеститорите веруваат дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки за 0,25 отстотни поени, како што направија во септември и октомври.

Сепак, аналитичарите велат дека гувернерите на Федералните резерви никогаш не биле толку поделени по прашањето на монетарната политика. Додека некои велат дека каматните стапки треба да се намалат, бидејќи ризиците за пазарот на трудот ги надминуваат ризиците од зголемување на инфлацијата, други предупредуваат дека инфлацијата е сè уште далеку над целните нивоа на Федералните резерви од околу 2 отсто и дека намалувањето на каматните стапки треба да се одложи сè додека не видиме како претходните намалувања влијаеле врз економијата.

Пазарот проценува дека постои околу 90 отсто веројатност Федералните резерви да ги намалат каматните стапки, но ова веќе е вградено во цените на акциите, кои нагло пораснаа во последните седмици, па прашањето е колку повеќе простор има за нив да растат.

Инвеститорите вчера обратија внимание и на непријателската понуда на „Paramount“ за преземање на филмските и телевизиски студија „Warner Bros.“, вредна 108 милијарди долари, што е значително повеќе од цената што „Netflix“ ја понуди за купување на „Warner Bros.“ минатата седмица.

Почетокот на битката за преземање на „Warner Bros.“ предизвика цената на акциите на филмската компанија да порасне за 4,4 отсто, а на „Paramount“ за 9 отсто. Цената на „Netflix“, од друга страна, падна за повеќе од 3 проценти.

Вчера претпазливо се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE падна за 0,23 отсто на 9.645 поени, а парискиот CAC за 0,08 отсто на 8.108 поени. Франкфуртскиот DAX, од друга страна, порасна за 0,07 отсто, на 24.046 поени.

globe

Слични новости

Благ раст на повеќето европски берзи

Благ раст на повеќето европски берзи

Цените на акциите благо пораснаа на повеќето европски берзи во претпладневнот тргување во вторникот, но тргувањето беше претпазливо бидејќи инвеститорите не беа спремни да преземат премногу ризик пред состанокот за каматните стапки на Федералните резерви на САД

Доларот зајакна, нафтата пoевтини

Доларот зајакна, нафтата пoевтини

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во раното претпладневно тргување во вторникот зајакна во однос на кошничката на валути се зголеми