Американскиот производител на електрични автомобили Тесла е во криза поради политичките изјави на сопственикот на брендот Илон Маск.

Постовите на Маск на платформата Х и мешањето во внатрешните работи на повеќе европски земји на Илон Маск ја налутија јавноста ширум Европа. Тоа негативно се одразува на брендот Тесла, кој се соочува со голем пад на продажбата и континуиран пад на цената на акциите.

Во јануари, европската продажба на Тесла падна за 45 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека во февруари е падната за 44 покажуваат податоците на Датафорс.

Најголем пад ширум континентот е забележан во Германија, каде продажбата падна за 76 отсто минатиот месец. Неодамнешните изјави на Илон Маск, како и неговата поддршка за екстремно десничарските политичари во неколку европски земји, доведоа до протести и бојкот на продажбата.

 

 

Слични новости

Волстрит падна втор ден по ред поради царините

Волстрит падна втор ден по ред поради царините

Цените на акциите паднаа на Волстрит во четвртокот, втор ден по ред, додека инвеститорите анализираа како царините за увоз на автомобили во САД ќе влијаат на локалната автомобилска индустрија

Цените на нафтата близу 74 долари

Цените на нафтата близу 74 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во четвртокот близу 74 долари, што ги одразува поделените проценки на инвеститорите за можното влијание на новите американски царини врз побарувачката на горива