
Американскиот производител на електрични автомобили Тесла е во криза поради политичките изјави на сопственикот на брендот Илон Маск.
Постовите на Маск на платформата Х и мешањето во внатрешните работи на повеќе европски земји на Илон Маск ја налутија јавноста ширум Европа. Тоа негативно се одразува на брендот Тесла, кој се соочува со голем пад на продажбата и континуиран пад на цената на акциите.
Во јануари, европската продажба на Тесла падна за 45 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека во февруари е падната за 44 покажуваат податоците на Датафорс.
Најголем пад ширум континентот е забележан во Германија, каде продажбата падна за 76 отсто минатиот месец. Неодамнешните изјави на Илон Маск, како и неговата поддршка за екстремно десничарските политичари во неколку европски земји, доведоа до протести и бојкот на продажбата.
Слични новости
Остар пад на европските берзи поради новите царини
Цените на акциите на европските берзи во четвртокот претплането остро паднаа, најмногу во автомобилскиот сектор, откако Вашингтон најави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на автомобили
Доларот ослабе, нафтата поевтини
На девизните пазари во раното претпладневно тргување во четвртокот благо падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути
Волстрит остро падна по објавата на царините за автомобили
Цените на акциите остро паднаа на Волстрит во средата, бидејќи инвеститорите беа нервозни пред прес-конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп за царините за увоз на автомобили