Општина Центар во понеделник повторно ќе спроведе вонредна дератизација на повеќе локации во општината, откако зголемено присуство на глодари било забележано и покрај тоа што претходната акција била спроведена пред само еден месец.
Од Општината информираат дека од почетокот на годината е реализирана редовна пролетна дератизација на целата територија, како и две вонредни акции на места каде што бил забележан поголем број глодари. Во октомври е планирана и редовната есенска дератизација.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека службите ја следат состојбата и реагираат кога е потребно, но посочува дека дератизацијата сама по себе не е доволна за трајно решавање на проблемот.
Со вонредната дератизација ќе бидат опфатени шахти, просторот околу контејнерите и други ризични точки каде што е забележано или пријавено присуство на глодари.
Слични новости
МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова
„Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача премиерот Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.
Најава за протест на професионалните војници
Независниот синдикат на професионални војници упати остри критики кон министерот за одбрана Владо Мисајловски и најави протест пред Владата на 7 ноември.
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.


