Бројот на загинатите во пожарот кој зафати хотел во индискиот град Њу Делхи се искачи на 20, соопштија локалните власти. Противпожарните служби соопштија дека спасиле повеќе од 40 луѓе кои биле во хотелот кој бил зафатен од пожар, пренесе Индија тајмс.

Пожарот во меѓувреме е изгаснат, а причините за пожарот сеуште не се утврдени.

Полицијата соопшти дека пожарот избувнал во хотелот „ Flourish stay“ кој служи како преноќиште со појадок по поволни цени во јужниот дел на Њу Делхи.

Меѓу настраданите најголемиот број се африкански граѓани кои дојдоа во Индија на лекување.

 

Слични новости

13 загинати и голем број повредени во руски воздушен напад врз Украина

13 загинати и голем број повредени во руски воздушен напад врз Украина

Во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина загинаа 13 лица, а најмалку 58 беа повредени, меѓу кои и седум деца. Погодени беа станбени згради во Киев и Дњепар, каде што се и најголемиот број загинати цивили.

Иран издаде ултиматум

Иран издаде ултиматум

Иран ќе ги прекине преговорите со САД за мир, доколку Израел ја продолжи воената операција против Либан, порача претседателот на иранскиот парламент Мохамед Галибаф. Тој наведе дека доколку продолжат израелските напади, Иран ќе го прекине дипломатскиот процес и ќе премина на поостар одговор.