Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ денеска изгласаа одлука в петок во Собранието да се одржи јавна расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“.

За оваа одлука поддршка искажаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ, Левица и „Европскиот фронт“. На седницата на Комисијата не присуствуваа пратеници од СДСМ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески истакна дека безбедноста на граѓаните мора на сите да им биде приоритет, а тоа, како што рече, значи промени во законите кои ќе обезбедат заштита, превенција и и ефикасни институционални реакции.

„Врз основа на членовите 128 и 129 од Деловникот на Собранието бараме да се организира јавна расправа, имено јас заедно со колешката Мерита Колчи Коџаџику од ВЛЕН и Бобан Карапејовски од ЗНАМ поднесовме известување за потреба од одржување на јавна расправа заради анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Владејачкото мнозинство во насока на подобрување на законската регулатива ќе побара доуредување и допрецизирање на истата. Време е за сериозни чекори и системски решенија. Безбедноста на граѓаните мора да ни биде приоритет на сите, а тоа значи промени во законите кои ќе обезбедат заштита, превенција и и ефикасни институционални реакции. Порачуваме и повикуваме до сите дека намерата за стручна и експертска дебата е приоритет и како владејачко мнозинство нема да дозволиме политизација на оваа тема. Нас ни требаат издржајни решенија, а не политичка некрофилија и злоупотребување на моментот. Ги повикувам сите пратеници без разлика дали се од власт или опозиција, да ја поддржаат оваа иницијатива и да застанеме зад неа еднаш сите заедно за изнаоѓање на системски решенија и решавање на проблемите со кои се соочуваме“, рече Мицески.

Пратеникот на Левица, Ама Мециновиќ рече дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи иницијативата за јавна расправа. Смета дека е потребна.

„Нашите видувања, иако ја поддржуваме, можеби попаметно беше да имаме надзорна расправа за да видиме и за имплементацијата на регулативата и за нејзината злоупотреба, а не само да дискутираме за некои законски решенија, но сепак сега е време да се поддржи оваа иницијатива за јавна расправа и ние ќе ја поддржиме“, рече Мециновиќ.

И пратеникот на „Европскиот фронт“, Елми Азири ја искажа поддршката на својата пратеничка група за оваа иницијатива од власта.

„Веруваме дека во јавната расправа ќе произлегуваат и други предлози кои же дадат друг предизвик којшто ќе допираат и други точки кои се однесуваат со правото и со правниот систем воопшто, бидејќи видовме и во текот на овие денови каде што во правото според моето оценување не е работено како што треба“, рече Азири.

Иницијативата за одржување на јавна расправа произлезе по случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која во среда беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин. На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

globe

Слични новости

Во еден ден во вонредна контрола одземени 70 мобилни телефони од затвореници во затворот „Скопје“, за 100 полициски службеници се водат дисциплински постапки

Во еден ден во вонредна контрола одземени 70 мобилни телефони од затвореници во затворот „Скопје“, за 100 полициски службеници се водат дисциплински постапки

Суспендиран е затворскиот полицаец којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското одделение во Шутка, но истрагата нема да заврши тука, уверува директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во интервју за вечерашната „Топ тема“ на телевизијата Телма

Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното“ на денот на грабнувањето на девојчето, одбраната, пак, дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното“ на денот на грабнувањето на девојчето, одбраната, пак, дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Обвинителство на денешното рочиште за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензинерот Панче Жежовски презентираше видео записи од камерите на системот за надзор на сообраќакот „Сејф сити“ на кои тврди дека се гледа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го вози аавтомобилот „рено кангу“ на денот на грабнувањето на осмоодделенката, а одбраната на Палевски вели дека се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка, а во креирањето официјална потрошувачка кошница што беше еден од заклучоците на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати).