Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по средбата со претставниците на Македонската банкарска асоцијација.

Во одговор на новинарско прашање во врска со засилените контроли на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за распределбата на земјоделското земјиште, Мицкоски рече дека се работи за една од стратешките определби на оваа Влада.

„Тоа е една од стратешките определби на оваа Влада и јас мислам дека во периодот којшто следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со тоа како се доделувало тоа земјоделско земјиште и од сега натаму тоа земјиште треба да оди онаму каде што е навистина е потребно, тоа е на земјоделците, а не на оние кои што земјоделието им е секундарна, терцијална или можеби и друг тип на работа и приоритет“, рече Мицкоски.

globe

Слични новости

Муцунски на панел-дискусија за евроатлантската безбедност

Муцунски на панел-дискусија за евроатлантската безбедност

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес учествуваше и се обрати на панел-дискусијата „Евро-атлантската безбедносна динамика: Предизвици за НАТО, Европа и процесот на проширување кон Западен Балкан“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Хрватска останува силен поддржувач на европската перспектива на Македонија

Хрватска останува силен поддржувач на европската перспектива на Македонија

Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се оствари сојузништво во рамки на НАТО и ЕУ, истакна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.