Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по средбата со претставниците на Македонската банкарска асоцијација.

Во одговор на новинарско прашање во врска со засилените контроли на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за распределбата на земјоделското земјиште, Мицкоски рече дека се работи за една од стратешките определби на оваа Влада.
„Тоа е една од стратешките определби на оваа Влада и јас мислам дека во периодот којшто следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со тоа како се доделувало тоа земјоделско земјиште и од сега натаму тоа земјиште треба да оди онаму каде што е навистина е потребно, тоа е на земјоделците, а не на оние кои што земјоделието им е секундарна, терцијална или можеби и друг тип на работа и приоритет“, рече Мицкоски.
Слични новости
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители – најголем дел за ОЈО Скопје
Избор на вкупно 47 обвинители во 18 јавни обвинителства е на дневeн ред за 20-та седница на Советот на јавните обвинители што ќе се одржи утре
Димитриеска-Кочоска: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра од унгарскиот заем
Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Развојната банка ја префрлило првата транша од 10,4 милиони евра, средства наменети за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем.
Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата
На средбата главен фокус на разговорите биле економските перспективи на земјата во контекст на евроинтегративниот процес, можностите за забрзување на процесот и подготвеноста на македонската економија да заземе активна улога во исполнување на критериумите и обврските кои произлегуваат од истиот