Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по средбата со претставниците на Македонската банкарска асоцијација.

Во одговор на новинарско прашање во врска со засилените контроли на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за распределбата на земјоделското земјиште, Мицкоски рече дека се работи за една од стратешките определби на оваа Влада.

„Тоа е една од стратешките определби на оваа Влада и јас мислам дека во периодот којшто следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со тоа како се доделувало тоа земјоделско земјиште и од сега натаму тоа земјиште треба да оди онаму каде што е навистина е потребно, тоа е на земјоделците, а не на оние кои што земјоделието им е секундарна, терцијална или можеби и друг тип на работа и приоритет“, рече Мицкоски.

globe

Слични новости

Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата

Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата

На средбата главен фокус на разговорите биле економските перспективи на земјата во контекст на евроинтегративниот процес, можностите за забрзување на процесот и подготвеноста на македонската економија да заземе активна улога во исполнување на критериумите и обврските кои произлегуваат од истиот

МОН ја продлабочува соработката со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија

МОН ја продлабочува соработката со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија

Како што соопшти МОН, Министерството за образование и наука и Здружениот истражувачки центар на ЕК наскоро ќе потпишат договор за соработка, со кој, државава ќе добие дополнителна поддршка за имплементација на Стратегијата за паметна специјализација во форма на експертиза и размена на позитивни практики, методологии и научни пристапи за јакнење на националниот систем за истражување и иновации.

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 7. март, распитот на обвинетите  закажан за 12. март

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 7. март, распитот на обвинетите закажан за 12. март

На расправата на 7 март Судот ќе се произнесе по однос на материјалните докази, а потоа, на следните расправи закажани за 12, 17, 19, 24 и 26 март, како што информираше судијата Ивица Стефановски, ќе се прави распит на обвинетите со редослед Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.