Повеќе од 300хуманоидни роботи ќе учествуваат во вториот полумаратон за роботи што ќе се одржи во Пекинг, пренесе Ројтерс. Вп натпреварувањето учествуваат дури 70 тимови, односно пет пати повеќе отколку минатата година, а стазата на која ќе се тркаат роботите вклучува асфалтирани делници и паркови.

Организаторите наведуваат дека околу 40 насто од роботите годинава ќе трчаат автономно, додека минатата година сите учесници беа контролирани со далечински управувачи.

Меѓу учесниците е и моделот „ТианГонг Ултра“ кој минатата година ја заврши трака за 2 часа и 40 минути, а годинава ќе се обиде стазата да ја мине сосема автономно, користејќи сензори и напредни алгоритми за навигација.

 

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.