Во српскиот град Нови Сад голем број луѓе од целата држава ќе одржат денеска комеморативен собир со цел – оддавање почит на првата годишнина од загинувањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Пред една година – на денешен ден во Нови Сад – загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна бетонска настрешница на реновирана железничка станица во тој град, трагедија за која досега не е утврдена кривична одговорност. Илјадници луѓе ноќеска по полноќ во Нови Сад одржаа 16-минутен молк со што им оддадоа почит на жртвите од трагедијата, пред големиот комеморативен собир со кој денеска ќе се одбележи годишнината од загинувањето на 16 луѓе кои загинаа при падот на бетонската настрешница на реновираната зграда на станицата.
Новосаѓани изминатите два дена ги пречекуваа групите студенти и граѓани кои дојдоа пеш од цела Србија за да им оддадат почит на загинатите. Во градот се веќе присутни и групи велосипедисти, моторџии, ветерани и земјоделци со трактори.
Како и пред двата големи протести во Белград на 15 март и 28 јуни, „Србијавоз“ и овојпат го прекина патничкиот сообраќај кон Нови Сад – претходните двапати причина беа „дојави за бомби“, но сега нема официјално објаснување на официјалната веб-страница на „Србијавоз“.
Патничките возови кон Нови Сад не сообраќаат од вчера попладне и утрово.
Пред три дена, јавното претпријатие „Патишта на Србија“ објави дека на 29 октомври стапила на сила привремена промена на режимот на сообраќај, што ќе трае до 10 ноември 2025 година. Во тој период, неколку правци до Нови Сад ќе бидат затворени поради „работи за обнова“.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


