Битката за претседател на Хрватска е важна затоа што претседателот на републиката ја претставува и застапува Хрватска во земјата и странство, се грижи за ускладено делување и стабилност на власта, како и за одбрана на независнота и територијалниот интегритет на земјата.
Во недела на 12 јануари, граѓаните на Хрватска во вториот круг ќе го изберат претседателот на Хрватска. Во вториот круг од изборите, според очекувањата, влегоа актуелниот претесдател и кандидат на опозициската СДП Зоран Милановиќ и Драган Приморац, кандидат на владејачката ХДЗ.
За вториот круг од изборите во Хрватска се запишани вкупно 3.769.598 избирачи. Во првиот круг, според податоците на хрватска државна изборна комисија гласаа 46, 03 насто од вкупниот број запишани избирачи.
На актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ му недостигаше многу малку за да стигне до над 50 насто од освоените гласови и да победи во првиот круг. Милановиќ доби 49,09 насто од гласовите. За кандидатот на ХДЗ гласаа 19,36 насто од изборачите, а разликата од 30 проценти меѓу двајцата кандидати кои влегуваат во вториот круг е најголема во историјата на Хрватска.
Зоран Милановиќ победи во сите жупании во Хрватска, а Драган Приморац победи само во дијаспората. Другите шестмина кандидати, според очекувањата не преминаа 10 проценти. Независната кандидатка Марија Селак Распудиќ доби 9,25 насто, а Ивана Кекин кандидатка на партијата „Можеме“ која веднаш го поддржа Милановиќ за гласањето во вториот круг, доби 8,89 насто од гласовите.
Досега на два пати се случувало граѓаните на Хрватска да го реизберат претседателот. Фрањо Туѓман победи на изборите во 1992 и 1997, а Стипе Месиќ победи на изборите во 2000 и 2005. Единствениот кој успеал да победи уште во првиот круг на гласањето е Фрањо Туѓман.
Меѓу двата круга кандидатите имаа едно телевизиско соочување кое донесе бурни полемики, а на моменти и расправии и навреди. На крајот Приморац порача дека ќе ја обедини Хрватска, а Милановиќ ги пвика избирачите „да го спречат она што мора да се спречи“.
Што се однесува до средствата потрошени на кампања, Драган Приморац потроши четири пати повеќе пари од Зоран Милановиќ. Приморац на кампањата до 3 јануари потроши 854.000 евра, а Милановиќ 215.000 евра, покажуваат финансиските извештаи што ги објави Државната изборна комисија.
Битката за претседател на Хрватска е важна затоа што претседателот на републиката ја претставува и застапува Хрватска во земјата и странство, се грижи за ускладено делување и стабилност на власта, како и за одбрана на независнота и територијалниот интегритет на земјата.
Претседателот ги распишува изборите за Хрватскиот сабор и референдумите, го свикува Саборот на првото заседавање и го доверува мандатот за состав на влада. Тој дава помилувања, како и одликувања и признанија. Заедно со владата ја дели извршната власт, но за разлика од владата, не одговара директно на Саборот. Во случај да дојде до конфликт меѓу владата и Саборот, владата самостално не може да го распушти Саборот, туку може да му предложи на претседателот да го стори тоа.
Хрватска досега имала пет претседатели: Фрањо Туѓман од 1992-1999, Стипе Месиќ од 2000 до 2010, Иво Јосиповиќ од 2010-2015, Колинда Грабар-Китановиќ од 2015-2020 и Зоран Милановиќ од 2020 до сега.
Слични новости
Може ли ЕУ да го одбрани Гренланд
Молкот на Европа за Гренланд може да се толкува како тактика да не се предизвикува голема бура и да не се предизвикуваат трансатлантски ескалции, додека политичарите се обидуваат тивко да ја ублажат заканата.
Волстрит џурнал: Најглупавата трговска војна во историјата
Ова е е самонанесена рана на американската економија. Очекувам зголемување на инфлацијата затоа што нивото на цените ќе порасне кога ќе биде...
Каде сакаат младите да живеат и работат во Европската унија?
Младите Европејци на возраст од 15 до 29 години студираат или работат надвор од нивната земја на раѓање. Но, ова не е време за безгрижни забави за младите во Европа