Научниците потврдија дека во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат вистинска закана по Земјата, но предупредуваат дека такви објекти би можеле да се појават во иднината.

Астероидите имаат ограничен „животен век“ од 10 милиони години пред да паднат на планета, да завршат на Сонцето или да бидат исфрлени надвор од Сончевиот систем.

Судар на астероди со Земјата е неизбежен во некој момент во иднината, без оглед дали тоа ќе се случи за 10 000 или за 100 000 години. Но, научниците веќе развиваат методи за спречување на можни катастрофи, со пренасочување на патеката на астероидите кон можен судар.  

Слични новости