Очекуваме во март да го потпишеме договорот за почнување на изградбата на интерконекторот со Грција, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека тендерската документација е завршена, како и дека е избрана компанија со најдобра понуда.
„Имаме компанија која што има најевтина цена, најдобра понуда. Имаме зелено светло од банките коишто го финансираат – ЕИБ и ЕБРД така што очекувам и од тука да влеземе со уште една можност, а тоа е конечно јужниот интерконектор да биде функционален и оперативен. Тоа е од прилика 3 милијарди нормални метри кубни годишно“, рече Мицкоски.
Северниот интерконектор, пак, како што кажа Мицкоски, е дел од проектите кои ќе бидат финансирани во Планот за раст кој беше донесен од страна на ЕУ.

Минатата недела компанијата „Терна“ ги започна прелиминарните работи за грчкиот дел од интерконекторот за природен гас што ќе ги поврзе Грција и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше избрана за изведувач на грчкиот дел на интерконекторот, при што го презеде деталниот проект, набавката на материјали и изградбата на гасоводот Неа Месимврија – Евзони/Гевгелија.
Проектот се очекува да биде финализиран на пролет следната година, временски период поместен поради доцнењето од наша страна.
Гасоводот предвидено е да биде во должина од 123 километри, од кои 67 километри се на македонска територија, да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас а со цел да се диверзифицираат изворите на снабдување со природен гас во Северна Македонија.
Паралелно преку проектот, нашата земја ќе има можност да се снабдува и со природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од грчките терминали во Ревитуса и Александруполи.
Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.
Со изградбата на интерконекторот, поради географската положба, нашата земја може да стане крстопат во регионот, со оглед на тоа што веќе постои конекцијата со Бугарија, се работи на онаа со Грција, а минатата година беше потпишан меморандум за соработка и со Србија, со што се очекува земјава да стане транзитна рута преку која со гас ќе се снабдува не само Србија, туку и Унгарија и Австрија.
Слични новости
Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.
Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот
Уапсени 11 лица за сомнителни набавки на деривати
Полицијата вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сомнителните набавки на деривати.