15 специјалисти од Србија и Чешка се пристигнати во Македонија за да помогнат во лекувањето на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени.
Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека специјалистите ќе бидат распоредени по клиниките каде што има потреба. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.
Таравари рече дека и да одите во поголеми држави нема центри за изгореници. Гледате дека сите држави прифаќаат од двајца до петторица пациенти, не повеќе.

„Кај нас се случи шок, изгореници на повеќе од 100 лица што треба да се третираат и нормално е дека немаме капацитети добро да ги третираме. Кај овие пациенти постои опасност од компликациите што се јавуваат од изгорениците, а сите се од втор или трет степен, веќе постои опасност од инфекции и целта ни беше да се третираат што подобро, а ние да сме подготвени евентуално за пациенти кои биле латентни“ рече Таравари.
Директорот на фондот за здравство Сашо Клековски оцени дека македонскиот здравствен систем одлично реагирал во целата ситуација.
Со целата критика на македонското здравство вчера над 140 повредени беа прифатени во многу краток период. Зборуваме за пациенти кои имаат изгореници од втор и трет степен на повеќе од 10, 20, 30 проценти од површината. Морам да кажам дека првата фаза на згрижување на пациентите е завршена, никој не остана незгрижен. И да имавме центар за изгореници ќе имавме бокса за четири-пет пациенти“, рече Клековски
Слични новости
Осумте пациенти кои од Македонија вчера пристигнаа во Србија се во критична состојба
Oсумте пациенти кои вчера пристигнаа во Србија имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, а троцја од нив се интубирани“, изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија.
89 од повредените во трагедијата во Кочани се лекуваат во Македонија, а 76 се транспортирани во странство
Состојбата на повредените во дискотеката засега е релативно стабилна, но сеуште е рано да се даваат прогнози, затоа што кај повреди со изгореници можни се натамошни компликации со инфекции.
Одреден притвор за 14 осомничени лица за трагедијата во Кочани
Судијата на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочан